x

LG G8X ThinQ: Модерен дизајн, две камери и мал notch!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Август, 2019 од GSM.mk

Иако LG G8 ThinQ беше претставен пред само 6 месеци, компанијата веќе го подготвува својот нов смартфон...

Започнувајќи од предниот дел на уредот, една од поголемите промени е што G8X ќе има значително помал notch за разлика од G7 ThinQ и G8 ThinQ. Сеуште не е познато дали и селфи сензорот кој ќе се наоѓа на notch-от ќе има промени. Неговата целосна големина ќе биде од 159.3 x 75.8 x 8.5mm, а дисплејот ќе биде 6.4 инчен. Како за споредба, G8 ThinQ има 6.1 инчен панел и димензии од 151.9 x 71.8 x 8.4 mm. Преминувајќи на задниот дел може да се забележат две камери, чии спецификации за жал, повторно не се познати.

Во внатрешноста на уредот очекуваме да видиме Snapdragon 855 или 855 Plus, со најмалку 6GB RAM и 128GB меморија, а ќе постои и помоќна верзија со 8GB RAM и 256GB меморија. 

LG-G8X-ThinQ-3.png

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.