x

LG го најави новиот V30 со AI камера

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Февруари, 2018 од GSM.mk

LG официјално соопшти дека на Mobile World Congress, кој ќе се одржи месецов во Барселона, ќе ја претстави новата верзија на смартфонот V30, кој ќе има камера со AI (вештачка интелигенција) технологија.

Она кое што претходно беше најавено во медиумите, сега доби и официјална потврда. LG на MWC ќе ја претстави верзијата на V30 за 2018 година, која ќе биде фокусирана на препознавање на лица.

Оваа технологија LG ја нарече Vision AI, а таа вклучува и автоматска анализа на сликата за телефонот самиот да даде препорака за начинот на фотографирање, како и можност за препознавање на предмети за да може да прави препораки при одење во шопинг. AI технологијата ќе овозможи правење на поквалитетни фотографии во влошени услови и во пригушено светло.

Засега LG нема намера да работи на личен гласовен асистент, туку се ослонува на Google Assistant и потоа му додава некои команди кои се типични само за уредите на LG. Веќе постојат 23 вакви посебни команди, а до крајот на годината ќе бидат развиени уште 9.

Новите уреди на LG поддржуваат Google Assistant и Alexa, а компанијата од поодамна произведува и фрижидери и екрани чувствителни на допир со webOS и асистент Alexa. Исто така работи на произведување звучници кои се компатибилни со двата гласовни асистенти.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.