x

LG го претстави најтенкиот телевизор во светот

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Јануари, 2017 од GSM.mk

На CES 2017, саемот за електроника во Лас Вегас, LG го претстави својот најнов производ - најтенкиот телевизор во светот, што наликува на слика на ѕидот.

Станува збор за паметен телевизорот LG Signature 4K OLED W7 кој е тенок колку смартфон, а ќе доаѓа во две големини 65 и 77 инчи.

Тежок е вкупно 7,7 килограми и е наменет за поставување исклучиво на ѕид.

Телевизорот има само еден кабел кој го поврзува со звучен уред, на кој се поставени HDMI приклучоците и слично. 

LG Signature 4K OLED W7 ќе се најде на пазарот оваа пролет и иако сè уште не е позната цената, се очекува да чини околу 10.000 долари.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.