x

LG Q6 (LG G6 mini) доаѓа на 11 јули!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Јули, 2017 од GSM.mk

LG објави видео кое го најавува претставувањето на нов смартфон на 11 јули. Иако јужнокорејската компанија не именуваше за кој уред точно станува збор, веќе знаеме дека тоа е LG Q6, мини верзијата на G6..

Уште еден доказ дека навистина станува збор за Q6 e во описот на видеото: “A full, exQuisite view is what you need. Q-rious? July 11th. Coming soon.” Уредот ќе го содржи истиот “Full Vision” дисплеј како LG G6, но во помали димензии.

Доаѓа со 5.4 инчен full HD (1080p) дисплеј, octa-core Qualcomm Snapdragon 430 процесор и 3G RAM. Други очекувани спецификации се 13 мегапикселна камера и Android 7.1.1 Nougat како оперативен систем. 

Најпрво ќе биде претставен во Европа, а после и на други места. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.