x

LG Q9: Уред од средната класа со 18:9 дисплеј

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Септември, 2018 од GSM.mk

LG припрема нови уреди за Q серијата, и покрај тоа што LG Q7 и Q8 (2018) беа претставени неодамна, на почетокот од годината..

Q серијата на LG, која беше претставена минатата година може да се рече дека не е многу конзистетна во претставувањето на нови уреди - LG Q6 и Q8 беа најавени минатата година, додека LG Q7 и Q8 (2018) на почетокот од оваа година. И покрај збунетоста кај корисниците, компанијата веќе го припрема новиот Q смартфон - LG Q9.

Се на се, уредот не нуди нешто уникатно во однос на дизајнот. Q9 го има стандардниот изглед со кој доаѓаат повеќето смартфони на компанијата, со висок 18:9 дисплеј. Од друга страна, за разлика од најновиот телефон на LG кој доаѓа со познатиот iPhone X дизајн на дисплејот, Q9 ќе го има класичниот дизајн со подебели рамки. 

На задната, како и на предната страна, ќе се наоѓа по една камера. Во внатрешноста, ќе работи на octa-core Snapdragon 660 процесор, 4GB RAM и 64GB меморија. Батеријата е со капацитет од 3,550mAh и, за жал, доаѓа со Android 8.1 Oreo. 

Сега за сега, не е познато кога LG Q9 ќе биде официјално претставен, но го очекуваме истовремено со V40, кој ќе биде најавен на крајот од месецот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.