x

LG V30s: 256GB меморија, LG Lens, цена и датум

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Февруари, 2018 од GSM.mk

LG сподели детали за новата верзија на V30, позната како V30s. Да погледнеме:

Покрај Galaxy S9, уште еден моќен смартфон ќе биде претставен за време на MWC настанот. LG планира да го најави V30s, подобрената верзија на V30. Додека V30 доаѓа со 64GB меморија, а Plus варијантата со 128GB, новата верзија ќе нуди дури 256GB меморија. Истотака, V30s ќе доаѓа со подобрувања на предната и задните камери.

Signature Edition верзијата на V30 со 6GB RAM и 256GB меморија чини околу 1840 долари, V30s е наменет за масовно производството и масовна продажба, така што ќе доаѓа со малку пониска цена, од 920 долари. Ќе биде претставен на 26 февруари, а официјалната продажба ќе започне на 9 март. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.