x

LG V35 ThinQ официјални спецификации:Snapdragon 845 и 6GB RAM

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Мај, 2018 од GSM.mk

Иако јужнокорејската компанија се очекува наскоро да ја претстави новата LG V30 варијанта, при крајот на летото, деновиве се појавија спецификации на друг очекуван уред на LG - V35 ThinQ

Според спецификациите, станува збор за 6 инчен OLED дисплеј, кој ќе го има и кај V30 и кај V35 ThinQ, со иста резолуција од 2880 x 1440 пиксели. Од друга страна, интересно е што уредот доаѓа со големо внатрешно подобрување. Имено, Snapdragon 845 ќе го замени Snapdragon 835, кој се наоѓаше во минатите V30 уреди и истотака го има во LG G7 ThinQ. Подобрениот процесор ќе биде придружен од 6GB RAM и 128GB меморија. 

Во однос на камерите, LG V35 ThinQ повторно ќе го има истиот хардвер како G7 ThinQ. Значи, добиваме главна камера од 16 мегапиксели, придружена од секундарна камера, исто од 16 мегапиксели. На предната страна, селфи камерата е од 8 мегапиксели. Батеријата е од 3,000mAh. 

LG V35 ThinQ with Snapdragon 845, 6GB of RAM shows up in alleged spec sheet


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.