x

Листа од сите Apple уреди кои ќе го добијат iOS 11!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 08 Јуни, 2017 од GSM.mk

Веќе ги знаеме сите подобрувања кој ги носи iOS 11. Истотака, знаеме кога ќе биде претставен, односно, оваа есен. Сега, останува само да видиме кој уреди ќе го добијат оперативниот систем:

Официјалната листа ги вклучува iPhone 5s и поновите телефони, iPad Air и iPad Pro моделите и шестата генерација од iPod touch. Попрегледно, листата може да ја видите овде:

Интересно е што iPhone 5s, телефон кој беше претставен во 2013-та, ќе го добие upgrade-тот. Како за споредба, Android смартфоните ги добиваат новите оперативни системи до 2 години од нивното претставување. Од друга страна, за жал, корсниците на iPhone 5 и iPhone 5c нема да бидат подновени.

Функциите кој беа најавени со iOS 11, нема да бидат компатабилни за сите од горенаведените уреди рамномерно. Некои од нив ќе добијат одредена промена, некој не.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.