x

Љубители на чипичан: Имаме добри вести за вас!

Категорија: Занимливости Објавено на 12 Октомври, 2017 од GSM.mk

Дали се сеќавате на Tamagotchi, кај нас повеќе познат како „чипичан“? Џебниот миленик кој можевте да го храните, да си играте со него и да го гледате како расте се враќа во производство.

Tamagotchi годинава полни 20 години, и по тој повод компанијата „Bandai“ на 5 ноември ќе пушти во продажба ограничена серија на „мини-чипичани“.

Самиот уред, односно телото на вашиот миленик, ќе биде 60% помал од претходните изданија, а екранот ќе биде 40% помал. Освен тоа, уредот ќе биде идентичен на оној кој беше многу популарен на почетокот на 2000-те.

„Bandai“ најавија дека нема да менуваат ништо во новиот Tamagotchi, па можете да ја очекувате истата 8-битна графика која ја имаа старите уреди.


Новиот Tamagotchi ќе чини 15 долари, или нешто помалку од 800 денари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.