x

Лојалноста на Apple фановите надмина 92 проценти пред претставувањето на iPhone 8!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Мај, 2017 од GSM.mk

Очигледно, iPhone корисниците се екстремно лојални фанови.

Според анкетата направена од Morgan Stanley, 92% од iPhone сопствениците кои планираат да купат нов телефон во следните 12 месеци, планираат тоа да биде нов iPhone.

Овие бројки се 6 процентно зголемување од истата анкета направена минатата година. Всушност, лојалноста во 2017-та е речиси иста со онаа во 2015, од 93%, пред претставувањето на iPhone 6s.

Покрај тоа, фирмата смета дека iPhone 8 ќе биде најпродаваниот Apple телефон досега. Што мислите вие? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.