x

Луѓе кои заработуваат богатство од играње видео игри!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 22 Март, 2017 од GSM.mk

Business Insider направи листа на оние кои досега заработиле најмногу од учество на разни видови натпреварувања, без притоа да се земат предвид договорите од разни спонзорства.

Ова се петте кои оствариле најголема заработка.

5. Јанг Мин Чул „MC“- 452.926 долари од 78 натпреварувања

Кореецот го сметаат за една од најголемите ѕвезди на StarCraft 2. Од 2010-та година почнал да заработува од натпревари и досега стигнал до гореспоменатата сума.

4. Олександар Дашкевич „XBOCT“ - 453.311 од 41 натпреварување

Дашкевич кој доаѓа од Украина е шампион во Dota 2. Има 23 години, а од играње видео игри започнал да заработува од 2011-та година.

3. Џонатан Вендел „ Fatal1ty“ 454.919 од 36 натпреварувања

Вендел важи за еден од најпознатите гејмери во светски рамки. Вендел е еден од оние кои најуспешно го искористија талентот. Тој создаде бренд од својот псевдоним што му донесе вредни спонзорства и договори. Но, за да стигне до нивото помеѓу најдобрите играчи, Вендел вложува многу - тој дневно вежба и по осум часа.

2. Данил Ишутин „Dendi“ - 455.615 од 43 натпреварувања

Ишутин од само еден натпревар на кој играл Dota 2 има заработено 200.000 долари. Инаку започнал да учествува на турнири од 2010-та година.

1. Ли Џеј Донг „Jaedong“ - 519.086 од 52 натпреварувања

Донг оствари импресивна заработувачка играјќи StarCraft: Brood War, а потоа во 2012-та се фокусира на StarCraft 2. Во втората половина од 2013-та тој стана еден од најдобрите играчи на StarCraft.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.