x

Луксузен кинески смартфон со батерија што држи неколку дена

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 31 Декември, 2016 од GSM.mk

Производителите на луксузни смартфони вообичаено ги украсуваат стандардните модели со луксузни материјали, но кинеската компанија Gionee има малку поинаков пристап. Со својот модел, кој има куќиште од метали и кожа, како и огромна батерија од 7.000 mAh.

Компанијата тврди дека оваа батерија овозможува 32 часа разговор и 26 часа гледање видеа, а во нормално користење, батеријата може да издржи и неколку дена.

Смартфонот има заоблен HD AMOLED екран, 6 GB RAM, и барем 128 GB меморија. Камерата од предната страна е со 8 мегапиксели, додека од задната страна има две камери со 12 и со 13 мегапиксели. Уредот има и сензор за отисоци од прсти, а поседува Snapdragon 653 процесор.

Продажбата ќе стартува од јануари во Кина, а цената ќе биде 1.000 долари за моделот со 128 GB меморија, односно 2.446 долари за моделот кој има 256 GB меморија.

Ова не е најскапиот смартфон на светот, каде доминираат луксузните верзии на Vertu и на Lamborghini.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.