x

Lumia 1520 vs. Galaxy S5: Кој е подобар на бенчмарк тестовите?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Март, 2014 од GSM.mk

Секогаш кога ќе се спомене Windows Phone, корисниците се генерално поделени - или ги обожаваат овие телефони или пак сметаат дека Nokia и Microsoft не треба да се меша во „бизнисот“ на Android...

Новите гејминг бенчмарк тестови на Basemark X ни прикажуваат дека двата гиганти дефинитивно знаат да произведат одличен телефон. Nokia Lumia 1520 се смета за премиум уред, но ретко кој би поверувал дека ќе извади подобри резултати од ново претставениот Samsung Galaxy S5, зар не? :)

Како што може да забележите на самата слика, Lumia 1520 има резултат од 24,793 поени, со што се наоѓа на првото место, додека пак Galaxy S5 има резултат од 23,501 поен и се наоѓа на второто место. Иако новиот телефон на Samsung поседува Snapdragon 801, односно целосно нов процесор, сепак и двата уреди имаат идентичен Adreno 330 графички процесор. 

Заради тоа, оние кои очекуваат квантен скок во перформансите од Galaxy S4 на Galaxy S5...ќе бидат дефинитивно разочарани. Се шпекулира дека Samsung ќе извади нова Galaxy F линија уште наредниот месец, која ќе биде изработена од алуминиум и ќе се базира на новиот Snapdragon 805 чипсет.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.