x

Lumos, паметна кацига за велосипедисти

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 07 Февруари, 2017 од GSM.mk

Инженерите Еу-вен Динг и Џеф Чен дизајнираа кацига за велосипедисти со вградени светла кои сигнализираат кога велосипедот ќе сврти или закочи.

Станува збор за кацигата Lumos која победи на Beazley Designs of the Year 2016, во категоријата транспортен дизајн, со цел да им помогне на велосипедистите и возачите да се чувствуваат побезбедно во сообраќајот.

Во кацигата има 60 LED светилки кои светат со различни бои и го покажуваат следниот чекор. Така, кога велосипедистот ќе застане се појавува црвено светло. Кацигата е водоотпорна и може да се користи и кога врне дожд, пишува Dezeen. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.