x

Магијата позади камерата на iPhone XS: Најдобрата iPhone камера досега?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Септември, 2018 од GSM.mk

Покрај останатите подобрувања кои ги претстави Apple кај новите iPhone модели, уредите доаѓаат и со интересни промени кај камерите..

Иако на прв поглед разликата во камерите помеѓу новите и старите iPhone модели изгледа мала, сепак беа додадени нови функции кои дефинитивно ќе придонесат за подобри фотки. Всушност, во однос на спецификациите, станува збор за истите 12 мегапикселни камери на задната страна, придружени од 7 мегапикселна селфи камера. Па, каде се промените?

1. Smart HDR

Функцијата прави неколку фотографии со различни вредности на експозиција кои потоа се складираат заедно за да се создаде една слика со многу подобар динамички опсег отколку што би можела камерата сама по себе да произведе. Тоа значи дека Xs може да ги опфати подобро деталите, како и сенките на фотографиите. Во еден од примерите кои ги покажа Apple, наведе дека корисникот може да слики предмети и наспроти сонце или друг извор на светлина, а камерите ќе успеат да направат квалитетна фотографија.

The magic behind the iPhone XS camera – best iPhone camera yet?


2. Подобрен Portrait Mode

Со цел да ги подобрат овие фотографии, Apple инжинерите проучиле низа професионални камери и леќи. Резултатот е подобро "одвојување" на предметот од фотографијата и подобар bokeh ефект. 

The magic behind the iPhone XS camera – best iPhone camera yet?


3. Подобрени перформанси при ниска светлина 

Сликите на ниска светлина се еден проблем со кои се соочуваат речиси сите смартфони, без разлика дали се премиум или не. Кај iPhone Xs, Apple ветува дека и овој проблем го има решено, повторно, благодарение на новиот A12 Bionic. Како кај фотографиите, така разлика ќе се забележи и при снимањето видеа на ниска светлина. 

The magic behind the iPhone XS camera – best iPhone camera yet?


4. Силикон, стакло и Al

Иако промените во однос на спецификациите на камерите се речиси незабележливи, компанијата изјави дека подобрените фотографии се резултат на останатите хардверски и софтверски подобрувања. Една од нив е новиот A12 Bionic чип - најбрзиот и најмоќниот чип досега виден во смартфон. Ова не само што ќе го подобри AR искуството, туку ќе придонесе и за подобри фотографии.

Фотографии направени со iPhone Xs и Xs Max:


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.