x

MediaPad T3: Новиот евтин таблет на Huawei!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 24 Април, 2017 од GSM.mk

На почетокот на годината, се појавија гласини за линија таблети кои ќе бидат претставени од Huawei. Денеска, еден од нив веќе се појави на пазарот.

Станува збор за евтин таблет кој доаѓа во повеќе варијанти и големини. MediaPad T3 8.0 доаѓа со 8 инчен IPS дисплеј со резолуција од 1280 x 800 пиксели. Уредот работи на Snapdragon 425 процесор, 2GB RAM/16GB меморија или 3GB RAM/32GB меморија.

Двете верзии вклучуваат 5 мегапикселна задна и 2 мегапикселна предна камера и батерија од 4800mAh. Истотака, работат на Android 7.0 Nougat оперативен систем. Верзијата која вклучува LTE чини 240 долари, а онаа само со WiFi е 220 долари.

Поевтиниот Huawei MediaPad T3 7 доаѓа со помал, 7 инчен дисплеј, со резолуција од 1024 x 600 пиксели. Доаѓа со 1GB RAM и 8GB меморија или 2GB RAM и 16GB меморија. 

Уредот работи на батерија од 3100mAh и доаѓа со 2 мегапикселна камера и од предната и од задната страна. Оперативниот систем е Android 6.0 Marshmallow и чини 130 долари. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.