x

Медиуми: Ericsson го згаснува производството во Шведска

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 23 Септември, 2016 од GSM.mk

Шведскиот произведувач на телекомуникациска опрема Ericsson планира да го згасне производството во матичната земја, што би значело губење на 3.000 работни места, пишуваат шведските медиуми.

Весникот Svenska Dagbladet вчера објави дека добил „доверливи документи“ за програмата за намалување на трошоците за три милијарди шведски круни, или 313 милиони евра. Според написот, 60 отсто од заштедите би требало да бидат реализирани во Шведска, а остатокот во странство.

Во Ericsson не биле достапни за коментар на оваа информација, пренесува AFP.

Оваа компанија вработува 116.00 работници ширум светот, вклучително и 15.000 во Шведска. Планираното укинување на 3.000 работни места во производството ќе биде изведено во клучниот оддел на мрежи, пишува натаму Svenska Dagbladet,

Доколку оваа информација е точна, тоа ќе претставува кран на една ера, бидејќи производството на Ericsson во Шведска датира уште од 1876 година.

Шведската компанија уште во април годинава најави структурни промени во рамките на програмата со која имаат намера да ја зголемат ефикасноста на работењето и да го поттикнат растот.

Пишувањето на шведскиот весник се надоврзува на јулската одлука на компанијата за смена на извршниот директор Ханс Вестберг кој таа должност ја извршуваше седум години. Под неговото водство Ericsson имаше големи проблеми во справувањето со конкуренцијата од Nokiа, Siemens и Alcatel-Lucent, како и со проширувањето на уделот во заситените и жестоко конкурентско обележани пазари во Европа и во Северна Америка.

Во второто тримесечје од годинава компанијата забележала пад на добивката и приходите од 26, однос од 11 отсто.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.