x

Mega за 24 часа собра еден милион корисници, моментално е преоптеретена

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Јануари, 2013 од Христијан Илиески

Mega е покренат во саботата во домот на сопственикот на Megaupload во Нов Зеланд. Dotcom објави дека за само 24 часа сервисот собрал еден милион корисници.

Овој сајт е во согласност со сите закони објави Dotcom и сите обиди за да go бутнат ќе бидат неуспешни. Освен тоа многу е посигурен и постабилен од неговиот претходник.

Страницата на корисниците им овозможува по 50 GB бесплатен простор, а тоа е многу повеќе отколку што нудат Google Drive, SkyDrive и останатите слични сервиси. Сите податоци ќе бидат заштитени така што нема да може да ги види ниту администраторот.

Серверите се моментално преполнети, а екипата која стои позади Mega работи на зголемување на капацитетот.

Иако на Dotcom му се закануваат огромни казни, тој не е воопшто загрижен бидејќи како што кажува, знае дека е невин.

На прославата за пуштањето на Mega во употреба беше репризирано минатогодишното апсење, но овојпат составено само од глумци. Исто така Dotcom се бори против законите за пиратерија во САД и се залага податоците кои се замрзнати во Megaupload да им бидат вратени на корисниците.

На видеото подолу можете да ја видите конференцијата за лансирањето на Mega.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.