x

Messenger и Instagram добија нова функција

Категорија: Занимливости Објавено на 18 Ноември, 2020 од GSM.mk

Instagram и Messenger добија нова, интересна опција – пораки што исчезнуваат.

Ова е режим за пораки наречен Vanish Mode и можете да го вклучите или исклучите во поставките на која било порака.

За да се активира овој режим ќе биде потребно одобрување од сите вклучени во разговорот.

Покрај тоа, ќе добиете известување ако вашиот соговорник прави screenshot на екранот, што веројатно значи дека тој ја испраќа пораката на некој друг.

Најпрвин, Vanish Mode ќе биде достапен во САД, а по некое време и во остатокот од светот.

Се претпоставува дека Vanish Mode е обид на Facebook да привлече помлада публика.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.