x

Messenger Lite достапен за Andorid!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 05 Октомври, 2016 од GSM.mk

Фејзбук тукушто најави дека новата Messenger верзија е сега достапна за Android корисниците. Наречена Messenger Lite, апликацијата ќе биде користена за пазари каде што комуникацијата е сеуште луксуз.

Главната цел на Messenger Lite е да користи што помалце од телефонската меморија. Според Facebook, апликацијата прво ќе биде достапна во Кенија, Шри Ланка, Малезија, Тунис и Венецуела. Апликацијата ќе биде најкорисна за постари Android телефони, кои немаат многу меморија и конекцијата често е спора или се губи.

Facebook Lite првобитно ќе биде достапна во овие 5 земји, затоа што фејзбук тврди дека во нив има најголем број Messenger корисници. Ова е втората "Lite" апликација на Facebook, откако компанијата објави Facebook Lite за луѓето чии телефони не се способни да ја користат оригиналната верзија на апликацијата.

Бидејќи iOS корисниците немаат никаков проблем со Messenger апликацијата, Lite верзијата нема да биде достапна за овие уреди.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.