x

Microsoft ги затвори сите продавници и воведува само онлајн продажба

Категорија: Занимливости Објавено на 29 Јуни, 2020 од GSM.mk

Американската компанија Microsoft на својата веб-страница соопшти дека ќе ги затвори сите свои продавници во наредниот период и дека во иднина ќе има само онлајн продажба како дел од „стратешката корпоративна промена во областа на малопродажбата“.

Како што е наведено во соопштението, компанијата нема да ги отпушти своите вработени поради оваа промена, но наместо тоа, сите вработени во продавниците на Microsoft ќе продолжат да работат во канцеларии и деловни објекти во Вашингтон.

Компанијата исто така соопшти дека ќе ги зголеми инвестициите во доменот Microsoft.com, како и во продажбата на Xbox и Windows.

Американскиот технолошки гигант наведува дека неговите продавници се затворени уште од март поради пандемијата на коронавирус и дека вработените успеале да ја обезбедат целата потребна онлајн поддршка на клиентите. 

Извор: kajgana.com 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.