x

Microsoft го претстави најмоќниот таблет на светот!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 12 Октомври, 2015 од GSM.mk

Минатата недела беше важна за Windows 10, бидејќи Microsoft презентираше неколку нови уреди кои ќе работат на овој оперативен систем. Еден од нив е и Surface Book...

Станува збор за хибрид од таблет и лаптоп, но всушност ова е еден од ретките моменти кога Microsoft создаде сопствен компјутер, наместо да се фокусира на оперативните систем. Од аспект на дизајн, Surface Book е изработен од алуминиум и потсетува на дизајнот на MacBook Pro, со Dynamic Fulcrum приклучок помеѓу екранот и куќиштето/тестатурата. Овој приклучок ви овозможува лесно вадење и ставање на тестатурата, со што добивате поголема слобода за работа.

Екранот на допир е со големина од 13,5 инчи и со резолуција од 3000 x 200 пиксели, а е дополнет со Surface Pen за попрецизна работа. Добивате и два USB 3.0 портови, Mini DisplayPort и читач за SD картички. 

Хардверот е навистина импресивен - уредот работи на шестата генерација на Core Skylake процесори, заедно со интегрирана HD Graphics 520 графичка или дискретната графичка од Nvidia. RAM меморијата се движи до 16 гигабајти, а имате опција за SSD диск до 1 терабајт.

Surface Book има предна 5 мегапикселна камера, задна 8 мегапикселна камера, два микрофони и стерео звучници со Dolbu audio. Цената на основната верзија со Core i5 процесор, без Nvidia графичка, 8GB RAM и 128GB SSD изнесува 1,499 долари.

Најскапата верзија, со Core i7 процесор, Nvidia графичка, 16GB RAM и 512GB SSD чини 2,700 долари. Продажбата започнува на 26-ти октомври.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.