x

Microsoft го претстави Office 2019 за Windows 10 и MacOS

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 09 Октомври, 2018 од GSM.mk

Microsoft го искористија првиот ден на својата Ignite конференција која се одржува во Орландо, Флорида, за да ја реализираат премиерата на Office 2019.

Office пакетот е развиен како директен наследник на Office 2016 и e оптимизиран за macOS и Windows 10.

Иако веќе е достапен за некои корисници, се очекува масовното ширење на Office 2019 да стане факт во следните неколку недели. Овој производ е наменет за сите луѓе кои сѐ уште не се одлучиле да се префрлат на услугата Office 365.

Во голема мера можеме да го утврдиме Office 2019 како збир од дополнителни функционалности, кои ги надградуваат можностите на апликациите Word, Excel, PowerPoint и Outlook.

Премиерата на новите верзии на Project, Visio, Access и Publisher инструментите нѐ очекува за неколку недели. Добро е да знаете дека за разлика од своите претходници, апликациите од Office 2019 нема да бидат објекти на идни надградби кои ќе ја подобруваат нивната работа, информира „ВентурБит“.

Подобрувања вклучуваат нов преведувач и Focus режим во Microsoft Word и Oultook, кои ќе го фокусираат вашето внимание на документите. Ажурирањето има поддршка за моделите SVG / 3D и 4K видео во PowerPoint. Корисниците ќе можат да ги користат ефектите Morph и Zoom за своите презентации, како и да ракуваат со нови алатки за анализа на податоци во Excel. Наскоро ќе бидат презентирани Exchange Server 2019, Skype for Business Server 2019, SharePoint Server 2019 и Project Server 2019.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.