x

Microsoft: Исправен багот на Windows 10 кој бришеше податоци кај корисниците

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 11 Октомври, 2018 од GSM.mk

Минатата недела Microsoft беше приморан да го повлече Windows 10 October 2018 Update многу кратко откако беше објавен, поради тоа што одредени корисници почнаа да се жалат дека апдејтот избришал податоци од нивните компјутери.

Од компанијата соопштија дека благодарение на фидбекот од корисниците багот бил идентификуван и исправен, па во новата верзија на апдејтот тој повеќе нема да се појавува.

Проблемот настана во врска со функцијата под име „Known Folder Redirection“ (KFR), која е поврзана со отстранување на дополнителни двојни фолдери, што може да доведе до губење на податоците во компјутерот преку три различни сценарија.

Компанијата сѐ уште не е подготвена да го понуди новиот апдејт со исправка на багот во build 1809 на сите корисници, така што тест верзијата во моментов е дел од Slow и Release preview круговите, а промените веќе можат да се забележат во Windows Insider Feedback Hub.

Microsoft сега ја додаде и опцијата која им овозможува на корисниците да даваат информации за влијанието и сериозноста на проблемите на кои наидуваат во текот на работењето преку Feedback Hub.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.