x

Microsoft потврди: Windows Phone е мртов

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Октомври, 2017 од GSM.mk

Потпретседателот на групата оперативни системи во „Microsoft“, Џо Белфиоре, преку Twitter потврди дека компанијата повеќе нема да развива нов софтвер и хардвер за Windows 10 Mobile.

Фановите на Windows Phone се надеваа дека ќе има апдејт или нов модел на телефонот, но изгледа дека од тоа нема да има ништо.

Windows во наредниот период ќе понуди поддршка за постоечките корисници во вид на поправка на софтверските грешки и зголемување на сигурноста.

„Секако, ќе продолжиме со поддршка на платформата и со поправка на грешките и зголемување на сигурноста, но развој на нови можности не е во тек“, напиша во твитот Белфиоре.

Во текот на развојната фаза на Windows 10 Fall Creator Update стана очигледно дека „Microsoft“ повеќе не работи на развој на оперативниот систем на Windows Phone, што ги разочара нивните фанови. Реално гледано, платформата е „мртва“ веќе повеќе од една година, но компанијата не сакаше да го признае тоа јавно.

Белфиоре призна дека тој, како и Бил Гејтс, почнал да користи Android, а „Microsoft“ ќе ги поддржи корисниците на Windows 10 кои сакаат да користат Android и iOS на своите уреди.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.