x

Microsoft: (Скоро) сите телефони ќе добијат Windows 10!

Категорија: Софтвер // Windows Phone Објавено на 26 Јануари, 2015 од GSM.mk

Американскиот гигант се реши да ја следи стратегијата на Apple, каде што телефони стари и по неколку години добиваат надградба и се оптимизирани да работат на најновата верзија од оперативниот систем. Да погледнеме што тоа значи во Windows Phone светот...

Microsoft изјави дека „никогаш не било подобро време за да поседувате Lumia телефон!“. Ова се однесува на фактот дека компанијата планира да ги надгради сите уреди со Windows Phone 8 и Windows Phone 8.1 со најновата верзија на Windows 10. Новиот оперативен систем би требало да биде достапен до крајот на оваа година, а ќе биде бесплатна надградба за корисниците на Lumia телефони, но и за оние кои купиле оригинален Windows 7, Windows 8 и Windows 8.1.

Chris Weber, потпретседател за продажба во Microsoft Mobile Devices, потврди дека целта на компанијата е најголемиот дел од телефоните кои работат со Windows Phone 8 и 8.1 да се приклучат кон Windows 10 екосистемот. Ова значи дека уреди како Nokia Lumia 930, Nokia Lumia 735, Lumia 620 и Lumia 520 (некои од нив и по неколку години стари) ќе добијат освежување во форма на нов оперативен систем.

Ова е практика на Apple со iOS, каде што iOS 8 е достапен за iPhone 4s, телефон стар веќе 4 години. Од друга страна, Android телефоните (освен најдобрите модели и Nexus уредите) може да очекуваат апдејти најмногу во времетраење од 2 години, така што овој потег на Microsoft навистина е за поздравување.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.