x

Microsoft Store ја отстрани Instagram апликацијата за Windows 10 Mobile

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Април, 2018 од GSM.mk

Instagram апликацијата веќе не постои за Windows 10 Mobile..

Последниот updatе на Instagram за Windows 10 додаке неколку нови функции, но ја отстрани опцијата за инсталирање на апликацијата на уреди кои работат мобилната верзија од оперативниот систем. За среќа, сеуште е достапна за десктоп верзијата на Windows 10. 

Наместо апликацијата, Windows 10 Mobile корисниците може да ја пробаат Instagram мобилната веб-страна на Edge (Instagram.com). Страна им овозможува на корисниците да користат филтри, стикери, да ставаат слики и слично. 

Интересно е што Windows Phone корисниците се обидуваа 6 години да добијат верзија од Instagram. Facebook, компанијата која е сопственик на Instagram, сметаше дека пазарниот удел на компанијата не е доволно голем за да ја добие Instagram апликацијата. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.