x

Microsoft Surface Pro 5 доаѓа со нов процесор!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 09 Април, 2017 од GSM.mk

Microsoft Surface Pro 4 беше претставен во октомври 2015 год, што значи дека веќе помина повеќе од една година откако се појави на пазарот. За разлика од смартфоните, кои добиваат нови верзии секоја година, кај таблетите работата е малку поинаку..

Помеѓу Surface Pro 3 и претставувањето на Surface Pro 4 поминаа повеќе од 17 месеци. Според новите изјави, Surface Pro 5 доаѓа со Intel Kaby Lake процесор и тоа е една од најголемите промени кои доаѓаат со таблетот. Новиот процесор треба да го направи побрз и да ја подобри издржливоста на батеријата.

Покрај оваа промена, таблетот нема да доаѓа со други новитети. Сеуште не се знае кога ќе биде претставен, ниту која ќе му биде цената.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.