x

Microsoft вети дека нема да го тргне Paint

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 30 Јули, 2017 од GSM.mk

Без паника, Paint останува. Фановите на оваа програма успеале да ја спасат од пропаст. Набрзо по објавувањето дека Paint ќе го снема со последната надоградба на Windows 10, фановите дигнаа паника по социјалните медиуми и очигледно допреа до Microsoft.

Од Microsoft изјавија дека немале намера целосно да ја тргнат оваа програма туку да создадат бесплатна апликација која корисниците можат слободно да ја симнат ако ја сакаат на компјутерот. 

„Многу ни е мило што и по 32 години, MS Paint сѐ уште има фанови. Би сакале да потенцираме дека Paint не си заминува туку само ќе има нов дом, Windows Store “ додадоа од Microsoft и ги охрабрија кoрисниците да работат so Paint 3D. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.