x

Moto G5S и G5S Plus: Метален дизајн и поголеми екрани

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 05 Август, 2017 од GSM.mk

Пред неколку месеци, Motorola најави подобрени верзии на Moto G5 и G5 Plus, подобро познати како Moto G5S и G5S Plus. Слушнавме голем број гласини за нив и изгледа поголемиот дел биле точни:

Moto G5S и G5S Plus се поголеми од оригиналните верзии и доаѓаат со целосен метален дизајн, наместо комбинација на метал и пластика како кај нивните претходници. Moto G5S доаѓа со 5.2 инчен 1080p дисплеј (наместо 5 инчниот дисплеј кај Moto G5) и доаѓа со поголема батерија, од 3000mAh. Вклучува 3GB RAM и 32GB меморија и задната камера е од 16 мегапиксели. Останатите карактеристики се исти како кај оригиналната верзија, вклучувајќи Snapdragon 430 и 5 мегапикселна селфи камера. 

Со 5.5 инчен 1080p дисплеј (наместо 5.2 инчен), Moto G5S Plus е најголемиот Moto G уредо досега. Истотака, G5S е првиот телефон кој нуди дуален систем камери, од 13 мегапиксели. Предната камера е подобрена од 5 на 8 мегапиксели. Непроменети спецификации се Snapdragon 625 и батеријата од 3000mAh. Moto G5S Plus доаѓа во две варијанти: 3GB RAM и 32GB меморија и 4GB RAM, заедно со 64GB меморија. 

Нормално, и Moto G5S и G5S Plus ќе бидат поскапи од своите претходници. Цената на Moto G5S е 250 долари, додека на Moto G5S Plus е 300 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.