x

Moto G6: Фотографии и спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Април, 2018 од GSM.mk

Колку што знаеме, Motorola планира да претстави три нови смартфони оваа недела. Станува збор за Moto G6 Play, Moto G6, и Moto G6 Plus. Да ги погледнеме нивните спецификации:

Сите три смартфони ќе доаѓаат со ниски цени. G6 доаѓа со Snapdragon 450, 3GB RAM и батерија од 3,000 mAh. G6 Play ќе биде уште поевтин, со Snapdragon 430 и поголема батерија, од 4,000 mAh. G6 Plus ќе биде најмоќниот меѓу нив, со Snapdragon 630 процесор. 

Како што може да забележиме од фотографиите, Moto G6 и Moto G6 Plus доаѓаат со дуален систем камери, кои се зборува дека ќе бидат од 12 и 5 мегапиксели. На предната страна ќе се наоѓа камера од 16 мегапиксели со LED блиц.  

Бидејќи Moto G6 Play ќе биде поевтин, доаѓа со само една камера на задната страна, од 13 мегапиксели, и селфи камера од 8 мегапиксели. 


Moto G6 Play

Moto G6 Plus

Moto G6

 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.