x

Moto G9 Power пристигнува наскоро со голема батерија!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Октомври, 2020 од GSM.mk

Неодамна, Motorola реши да ги ребрендира Moto G9 и G9 Play на одредени европски пазари откако ги најави Moto G Fast и G Pro. Ваквата промена во стратегијата најверојатно значи дека наскоро ќе видиме уште еден нов уред...

Moto G Power беше всушност ребрендирана верзија од G8 Power. Слично на тоа, сега веруваме дека и G9 Plus ќе добие Power верзија.

The Moto G9 Power could be right around the corner with a massive battery in tow

Според информациите кои се појавија, батеријата ќе биде една од најимпресивните карактеристики на овој нов уред. G9 Power ќе има батерија со капацитет од 6000 mAh. Ова се солидни 1000mAh дополнително од капацитетот на неговиот претходник.

The Moto G9 Power could be right around the corner with a massive battery in tow 

Останатите карактеристики сеуште не се официјално потврдени, но скенерот за отпечатоци најверојатно ќе биде на задниот дел, исто како кај G8 Power и E7 Plus. Ќе има и систем со три задни камери, придружени од LED блиц во квадратна форма.

Цената се очекува да биде пониска од 300 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.