x

Motorola ги претстави смартфоните G Stylus, G Power и G Play

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јануари, 2021 од GSM.mk

Motorola претстави три нови модели од серијата G.

Moto G Stylus има 6,8-инчен екран со резолуција 1080п и е најголемиот во G серијата. Уредот доаѓа со пенкало и користи Qualcomm Snapdragon 678 процесор и Android 10.

Пенкалото може да се користи за цртање, за означување на текстот и брзо копирање во друга апликација.

Уредот е достапен со 4 GB RAM и 128 GB интерна меморија. Го напојува батерија од 4.000 mAh која поддржува стандардно 10W полнење.

Позади се наоѓа главна камера од 48, ултраширока од 8, макро од 2 и сензор за длабочина од 2 MP. Напред е селфи камерата од 16 MP.

Moto G Power има поголема батерија од 5.000 mAh и трае до 3 дена со едно полнење. Користи Qualcomm Snapdragon 662 процесор спарен со 3 GB и 4 GB RAM и 32 или 64 GB интерна меморија.

Задната камера има 48 МP. G Power чини 200 долари.

Moto G Play има 6,5-инчен IPS LCD екран со резолуција од 720п, користи Android 10, Qualcomm Snapdragon 460 процесор, 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија.

Уредот го напојува батерија од 5.000 mAh која трае 3 дена. Има главна камера од 13 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Напред се наоѓа и селфи камерата од 5 MP.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 5

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69