x

Motorola One Fusion: Неимпресивни, но солидни карактеристики

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Јуни, 2020 од GSM.mk

Откако претстави неколку Android уреди од средна класа, Motorola планира наскоро да претстави уште еден ваков смартфон:

Пред недела дена, Motorola го најави One Fusion+ во Индија - интересен уред по цена од 225 долари. Но, компанијата реши наскоро да најави уште еден ваков уред, познат како само One Fusion. Според името, најверојатно ќе биде послаба верзија од One Fusion+.

Според фотографијата која се појави, ќе биде прилично мал и со неколку разлики во однос на One Fusion+. Најголемата разлика е што селфи камерата на лизгање е заменета со стандардна камера на notch.

Motorola One Fusion - Motorola One Fusion leaked specs look unimpressive, yet decent

Другите разлики се под хаубата, како Snapdragon 710 процесор и HD+ резолуција за 6.5 инчниот дисплеј.

Како мало потсетување, One Fusion+ доаѓа со Snapdragon 730, 6GB RAM и 128GB меморија.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.