x

Motorola razr ќе биде достапен во нова боја!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 11 Април, 2020 од GSM.mk

Во февруари возбудата беше голема околу претставувањето на Motorola RAZR. За жал, оваа возбуда брзо исчезна поради две работи - високата цена и претставувањето на Galaxy Z Flip..

RAZR е телефон од средна класа со голема историја и носталгија која ја буди меѓу фановите. Оригиналниот RAZR V3 беше продаден во 130 милиони единици во периодот од 2004 до 2008 година и беше еден од најпопуларните телефони за тоа време. Токму затоа, многумина беа возбудени со најавувањето на неговиот следбеник по долго време. 

Кога беше првично претставен во февруари, RAZR доаѓаше во црна боја. Сега, се појавија нови фотографии од модел со Blush Gold нијанса. Станува збор повторно за уред во црна боја, но со розеви акценти. На задниот дел, телефонот ќе биде црн (вклучувајќи го 2.7 инчниот Quick View дисплеј), додека долниот дел ќе биде розев. 


Ви се допаѓа? 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.