x

МР3 е мртов, да живее AAC!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 16 Мај, 2017 од GSM.mk

Творците на MP3 форматот се откажаа од негово понатамошно лиценцирање и му потпишаа „пензионирање”.

MP3 своевремено направи револуција во начинот на кој ја консумираме музиката,а  како што стојат работите сега, лошо му се пишува. Германскиот истражувачки институт Fraunhofer кој го создаде овој формат, објави дека го укинал лиценцирањето за патенти поврзани со MP3. Ова значи дека повеќе не сака да му го продолжи животот, затоа што смета дека во 2017 година постои значително подобар начин за складирање на музика.

Во своето соопштение, Fraunhofer вели дека MP3 ја одиграл својата улога на најдобар формат за складирање на музика од крајот на 80-тите, но денешните врвни сервиси за стриминг на музика, радио и ТВ, користат модерни ISO-MPEG кодеци како AAC или MPEG-H формати со значително подобар квалитет на звукот при значително помал битрејт во споредба со MP3.

Со други зборови, Fraunhofer ни порачува: МР3 е мртов, да живее AAC.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.