x

MS Paint ќе остане дел од Windows 10

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 25 Април, 2019 од GSM.mk

Microsoft имаше намера да ја отстрани апликацијата Paint од Windows 10, но бурната реакција на корисниците ја разубеди компанијата и денеска беше потврдено дека популарната апликација за преработка на слики ќе биде дел од новиот апдејт.

Најголемиот производител на компјутерски софтвер со месеци ги предупредуваше корисниците дека Paint ќе биде отстранета од оперативниот систем Windows 10 со новиот апдејт. Сепак, желбата на корисниците беше посилна од желбата на Microsoft.

„Токму така, MS Paint ќе биде вклучен во новиот апдејт (1903). Оваа апликација ќе остане дел од Windows 10, барем засега“, изјави Брендон Лебланк, програм менаџер за Windows во Microsoft.

Од компанијата нема коментар за причината зошто е отстранета одлуката за исфрлање на MS Paint од оперативниот систем Windows 10, но јасно е дека оваа апликација останува составен дел од новиот апдејт, барем во блиска иднина.

Microsoft претходно ја опиша апликацијата како „застарена и истрошена“ и имаше намера да престане да работи на неа, а со тоа и целосно да ја исфрли од оперативниот систем. Компанијата имаше планови да ја отстрани од стандардниот пакет на Windows 10 и да ја вклучи како дел од опционалниот пакет на Microsoft Store.

Поголем број од главните функции на MS Paint беа изменети и интегрирани во современата апликација Paint 3D, како дел од глобалниот план за поттикнување на креаторите да користат Windows 10. Во моментот единствено останува нејасно дали Microsoft ќе продолжи да ја форсира Paint 3D како главна апликација или ќе продолжи да ги произведува двете апликации истовремено.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.