x

MWC 2019: Samsung Galaxy S10, Huawei P30, Sony Xperia XZ4 и многу повеќе!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 29 Јануари, 2019 од GSM.mk

Еден од најголемите настани во светот на технологијата, MWC 2019, ќе се одржи при крајот на следниот месец, во Барселона. Оваа година, на настанот ќе бидат претставени голем број нови и возбудливи уреди, меѓу кои:

1. Samsung

- 25 февруари

Samsung ќе биде една од најголемите компании присутни на MWC 2019 настанот. Како што веќе сме запознаени, за време на настанот Samsung ќе ја претстави својата нова S10 серија, која е од посебно значење за компанијата, бидејќи ја одбележува десетгодишнината од постоењето на S серијата. Истовремено, компанијата ќе го претстави и својот прв 5G уред, како и нови функции за Bixby персоналниот асистент.

MWC 2019: A schedule of events and what to expect


2. Nokia

- 24 февруари

Втората возбудлива компанија која го потврди своето присуство на настанот е HMD Global. За жал, плановите на компанијата сеуште не се познати, но како и да е очекуваме нов Nokia уред - најверојатно Nokia 9.


3. LG

- 24 февруари

LG ќе го претстави својот нов премиум смартфон - G8, за кој нема споделено голем број информации. Сега за сега, G8 ThinQ го очекуваме со 6.1 инчен дисплеј со резолуција од 2160 x 4665 пиксели, Snapdragon 845 и две предни камери.



4. Huawei

- 24 февруари

Исто како Samsung, и Huawei има планови за претставување на својот прв уред со 5G технологија, како и новите P30 и P30 Pro смартфони. Новите уреди на Huawei ги очекуваме со малку поинаков дизајн, скенер за отпечатоци вметнат под дисплејот и моќни перформанси. На настанот не очекуваме компанијата да најави нов Huawei Watch GT гаџет, бидејќи последниот беше претставен пред само неколку месеци.

MWC 2019: A schedule of events and what to expect



5. Microsoft

- 24 февруари

Иако го има потврдено своето присуство на настанот, плановите на Microsoft сеуште не се познати. Како и да е, очекуваме барем еден нов уред - можеби HoloLens 2?

MWC 2019: A schedule of events and what to expect

.


6. Sony

- 25 февруари

Како и другите компании, Sony ќе го најави својот нов премиум смартфон - Xperia XZ4, како и неколку уреди од средната класа, вклучувајќи го Xperia XA3, XA3 Ultra и L3. Xperia XZ4 знаеме дека ќе доаѓа со многу висок, 21:9, дисплеј, стаклена конструкција, тенки рамки и без notch. 

MWC 2019: A schedule of events and what to expect


За чие претставување сте највозбудени? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.