x

На која позната личност личите? Оваа апликација ќе ви каже, но користете ја внимателно!

Категорија: Забава Објавено на 21 Октомври, 2019 од GSM.mk

Пред неколку месеци се појави FaceApp, апликација која беше одлично прифатена од корисниците, а сега има нова и популарна апликација наречена Gradient со слични функции како FaceApp.

Кога се појави FaceApp, голем дел од корисниците започнаа веднаш да ја користат. Станува збор за апликација каде се постира селфи од корисникот и потоа апликацијата може да стави неколку интересни филтри врз него - да изгледа помладо, постаро и слично. 

Но, набрзо потоа се појавија неколку грижи за приватноста на корисникот при користење на FaceApp, особено откако беше откриено дека апликацијата има дозвола да ја користи локацијата на корисниците, како и да пребарува низ нивната историја. 

Сето тоа не доведува до нова апликација, наречена Gradient, која е достапна и за iOS и за Android. Оваа апликација им дозволува на корисниците да го променуваат изгледот на портрети и селфиња. При ставањето на селфи, апликацијата го модифицира и кажува на која историска личоност наликува сопственикот. 

Jimmy Kimmel has fun with the Gradient app - Who is your celebrity doppelganger? This app will tell you although there are red flags

Иако Gradient е бесплатна за симнување, постојат голем дел сервиси кои бараат претплата. Корисникот може да добие бесплатно користење од 3 дена, но потоа цената може да чини до 20 долари месечно. Дел од коментарите при нејзинот инсталирање веќе се жалат како на никој начин не може да се отстрани претплата доколку се незадоволни од услугите. Истотака, не постои никаков број од компанијата позади апликацијата на кои може да се контактира.Red flags appear in Gradient's comment section in the Google Play Store - Who is your celebrity doppelganger? This app will tell you although there are red flags



Затоа, доколку ја имате, внимателно со нејзиното користење.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.