x

На Twitter објавен твит со повеќе од 30.000 знаци

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 10 Ноември, 2017 од GSM.mk

Денеска Twitter ја направи достапна за сите опцијата за 280 знаци во еден твит, но хакерите не мислат дека 280 знаци им се доволни за да се изразат.

За време на викендот, профилот на Timmraset објави твит кој содржеше 30.396 знаци. Твитот беше избришан набрзо потоа, но други корисници го имаа зачувано и го споделија на нивните профили.

Првиот дел од твитот беше напишан на германски.

„Луѓе, @Timrasett и @HackneyYT можат да го надминат ограничувањето на знаци. Не верувате? Тука имате доказ со повеќе од 35.000 знаци“, стоеше во почетокот на твитот.

Потоа, следуваа куп знаци кои го надминуваа ограничувањето, но кои немаа значење.

Timrasett се извини на Twitter велејќи дека тие двајца само сакале да покажат колку лесно е да се „хакира“ Twitter.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.