x

Начини да препознаете кинески копии на SD картички!

Категорија: Совети Објавено на 12 Мај, 2017 од GSM.mk

Во ерата на Интернетот и онлајн купувањето преку AliExpress, треба да бидеме екстремно внимателни со нашите избори. Прв совет, ако е на AliExpress, веројатно е фејк! :)

1. Разлики во текстот

На левата страна се наоѓа оригиналната картичка, додека десно е копијата. Веднаш се забележуваат лошо испринтаните и избришаните букви.

2. Разлики во изработка

Доколку забележите неквалитетен дизајн (како на сликата), веројатно картичката е фејк.

3. Нереални големини

256 гигабајти за 18 долари?!

4. Разлики во пакувањето

Ова е потешко, бидејќи треба да знаете како изгледа оригиналното пакување. Сепак, евидентни се разликите во бои и самиот текст кај лажната картичка од десната страна.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.