x

Најбрз начин за безжично испраќање податоци помеѓу телефони

Категорија: Совети Објавено на 22 Ноември, 2018 од GSM.mk

Ако сакате брзо и едноставно да испратите неограничен број на документи, слики или музика, тогаш решението за вас е Wi-Fi Direct..

За само неколку секунди со опцијата Wi-Fi Direct можат да се испратат податоци со големина од 220 мегабајти (тест количина), а истата постапка преку Bluetooth би траела неколку минути.

Можеби веќе имате слушнато или пак ја користите опцијата Wi-Fi Direct, но сепак сметаме дека сега е добар момент да ви го објасниме овој начин за пренос на податоци, бидејќи таа полека станува достапна на сите телефони на пазарот. Досега оваа опција беше достапна само кај телефоните од премиум сегментот, но сега таа е достапна и кај поевтините и помалку моќни уреди.

За да испратите податоци преку Wi-Fi Direct најпрво одете во менито Settings, а потоа во Connections -> Wi-Fi и изберете ја опцијата Wi-Fi Direct. Тогаш вашиот уред ќе почне да скенира за уреди околу него. Потребно е да ја активирате Wi-Fi Direct опцијата и кај уредот на кого сакате да му испратите податоци, а тоа се прави во истото мени – Wi-Fi. Откако ќе ги „спарите“ двата уреди, испраќањето и примањето на податоци ќе биде полесно од било кога.

Wi-Fi Direct поддржува испраќање на податоци на сите телефони, без разлика на производителот и моделот. Сѐ што ви е потребно е само Wi-Fi конекција.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.