x

Најбрзиот Android телефон ја победи и Galaxy S20 серијата!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 09 Февруари, 2020 од GSM.mk

Samsung се обидува да сруши неколку рекорди со Galaxy S20 серијата, но една компанија веќе успеа да го победи Samsung во тоа...

Axon 10s Pro на ZTE е официјално првиот уред кој ќе доаѓа со новиот процесор на Qualcomm и со 12GB LPDDR5 меморија произведена од Samsung. Интересно е што овој 5G уред сеуште нема ниту цена, ниту официјален датум кога ќе биде претставен. Како и да е, очекуваме да биде претставен првично во Кина со Snapdragon 865. 

Од останати карактеристики, ќе има 6.4 инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 2340 x 1080 пиксели и 256GB меморија. Истотака, на задниот дел ќе доаѓа со три камери. Од нив, главната ќе биде од 48 мегапиксели, вториот сензор ќе биде од 8 мегапиксели и третиот од 20 мегапиксели. Скенерот за отпечатоци ќе биде под дисплејот, а батеријата ќе биде од 4000 mAh. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.