x

Најчести грешки што ги правите на Tinder

Категорија: Забава Објавено на 25 Јануари, 2018 од GSM.mk

Ова се модерни времиња и барањето партнер на интернет одамна не е табу тема. Без разлика дали барате некој за забава или за сериозна врска, вашиот профил е сѐ што заинтересираната страна ќе знае за вас, затоа не ги правете овие грешки.

Ок, направивте Tinder профил и што сега? Ништо не се случува? Можеби сте се сопнале на една (и ли повеќе) од најчестите грешки што луѓето ги прават на Tinder.

Пополнете го полето Bio. Луѓето сакаат да видат карактер.

Ставете фотографии на кои се смеете. Сериозно, никој не би сакал да излезе со некој кој има ваков поглед:

Тргнете ги очилата за сонце. Како да сакате со сила некој да ви направи swipe left.

Ставете фотографии на кои носите ведри бои. Тоа ќе ви помогне да се издвоите од 72% од корисниците кои носат црна, тегет или бела облека на фотографиите.

Линкувајте го Tinder профилот до Instagram профилот. Знаете дека оние што се заинтересирани секако ќе се потрудат да ве „изманијачат“.

Бидете активни во недела . Во недела попладне има најголема активност на Tinder.

Има уште една важна работа во наоѓањето партнер на Tinder, откако ќе ја поминете иницијалната фаза и ќе стигнете до делот каде всушност разговарате на чет.

Според корисниците, најдобар начин да почнете разговор е со праќање гифче. Мислам, кој не сака добар гиф? Оние кои пратиле гиф во четот имале 30% поголеми шанси да добијат одговор и нивните разговори траеле два пати подолго.

Не мора да ви кажуваме дека најважно е да бидете свои и да покажете почитување кон другите.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.