x

Најчести митови за смартфоните

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Јули, 2018 од GSM.mk

Некои од најчестите заблуди за паметните телефони, варираат од тоа дека прекумерното полнење на уредот доведува до дефект, па до тоа дека со ресетирање, податоците во телефонот засекогаш ќе бидат загубени.

Црната позадина штеди батерија

Овој мит е само половично вистинит. Дека батеријата трае подолго, ако се користи помалку светлина, важи само за уредите со LED осветлување. Toa се LED, AMOLED и Супер AMOLED екраните. Од друга страна, LCD екраните ја исцрпуваат батеријата со користење на потемни бои, па дури и црна боја. Затоа овие уреди прикажуваат поквалитетни темни бои.

Долгото полнење на телефонот доведува до дефект

Паметните телефони се способни да се одбранат од „прекумерното“ примање на енергија. Кога батеријата ќе се наполни до крај, се испраќаат сигнали до телефонот, кој автоматски прекинува да се полни, без разлика на тоа што се уште е приклучен на полнач. Значи, не постои „прекумерно“ полнење.

Треба да се користи оригиналниот полнач кој сте го купиле со уредот

За полнење на смартфон, може да се користи кој било полнач, под услов да е компатибилен со уредот. Секако, некои полначи се поквалитетни и побргу полнат.

Подобрите карактеристики на хартија не значат и подобри перформанси

Факт е дека уредите кои имаат одлични карактеристики во теорија, некогаш не постигнуваат најдобри резултати. Затоа, потребно е да се разгледаат сите аспекти, пред самото купување на паметниот телефон, како и за кој било друг уред.

Враќањето на телефонот на фабрички поставки доведува до бришење на сите податоци

Резултатот од ресетирањето на телефонот, односно враќањето на фабрички поставки, навистина ќе биде бришење на датотеки. Сеедно, сурфањето по интернет ќе ви пружи мала помош, за да ги вратите „загубените“ податоци на уредот.

Сепак, ако имате за цел да го продавате вашиот смартфон, а стравувате дека новиот корисник ќе може да влезе во вашите податоци, едноставно заштитите ги со шифра.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.