x

Најчудните работи за кои луѓето бараат одговори на интернет

Категорија: Забава Објавено на 06 Август, 2017 од GSM.mk

Google има одговор на секое барање, па дури и за оние најчудните прашања. Компанијата Search Factory направи истражување за најчудните прашања што луѓето ги поставуваат на интернет и така ја создаде листата на најбизарни работи кои се пребаруваат на Google

Има голем број на луѓе кои сакаат да дознаат како да сокријат човечки труп, како да минат неказнето за убиство и како да ја натераат мачката да ги сака.

Многумина прашуваат дали Лејди Гага е машко, а има и многу пребарувања од оние кои сакаат да видат разголени фотографии од неа.

Дури 40.500 корисници прашале зошто се омажиле, а 5.500 го побарале решението за една дилема: Како да имате љубовна афера?

Околу 40.500 побарале одговор на прашањето како да освојат премија на лото, а 1.000 побарале одговор за прашањето на кој начин се користи Google.

Дали знаевте дека 60.500 луѓе месечно прашуваат дали навистина постои Дедо Мраз?

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.