x

Најдете безбедносен пропуст во iOS 10 и заработете до 1,5 милиони долари

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 05 Октомври, 2016 од GSM.mk

Компанијата Zerodium која е позната по своите наградни програми за наоѓање критични безбедносни пропусти ја зголеми наградата за хакирање на iOS 10, па сега наградниот фонд место половина милион долари е дури 1,5 милиони долари.

Сепак ова воопшто не е лесна задача или лесни пари. Хакерите за оваа сума ќе мораат да демонстрираат zero-day далечинско хакирање на iOS платформата, односно пристап до уредот без да имаат физички контакт со него. Ваквото хакирање беше исклучително тешко и на претходната верзија на оперативниот систем, а десетката е дополнително подобрена во поголед на безбедноста.

Mashable пишува дека владата на САД потроши повеќе од еден месец за да провали во iPhone смартфонот на напаѓачот од Сан Бернардино.

Покрај тоа Zerodium нуди и награда за хакирање на Android 7.0, но наградата за тоа е 200 илјади долари.

Компанијата за Wired објасни дека зголемувањето на наградниот фонд е очекувано со оглед на тоа дека е зголемена безбедноста на мобилната платформа. Тие работат на тоа да привлечат повеќе безбедносни експерти и хакери кои би учествувале во натпреварот, а велат дека наградниот фонд е доволно голем за сите што ќе успеат да најдат пропусти во системот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.