x

Најдобри кинески Android смартфони за 2019 година!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 01 Декември, 2019 од GSM.mk

Производите направени во Кина не се секогаш познати по својот квалитет. Но, последните неколку години се појавија неколку кинески компании кои дефинитивно претставуваат одлични смартфони:

1. Realme X2 Pro

Овој уред има 6.5 инчен AMOLED дисплеј, а во внатрешноста доаѓа со Snapdragon 855 Plus - еден од најбрзите процесори во моментот. Истотака има 256GB меморија, брзо полнење и голема батерија од 4 000 mAh. 

Best Chinese Android smartphones in 2019


2. Oppo Reno Ace

Овој смартфон е познат по најбрзото полнење кое го нуди на својата батерија од 4000 mAh. Има и голем AMOLED дисплеј со одлична светлина и камери со одлична резолуција. 

Best Chinese Android smartphones in 2019


3. Xiaomi Mi Note 10

Mi Note 10 е првиот смартфон во светот со камера од 108 мегапиксели. Под хаубата се наоѓа Snapdragon 730, има премиум дизајн со стаклена и метална конструкција, како и типичната голема батерија.


Best Chinese Android smartphones in 2019


4. Honor View 30

Honor е еден од најпознатите брендови на Huawei и е наменет за помладите генерации. Работи на Kirin 990, истиот процесор со Huawei Mate 30 Pro и има 5G конекција. Батеријата е од 4200 mAh. 

Best Chinese Android smartphones in 2019


5. Xiaomi Mi 9T Pro

Уште еден одличен уред на Xiaomi е Mi 9T Pro. Доаѓа со гоелм, 6.4 инчен AMOLED дисплеј со Gorilla Glass 5 заштита, Snapdragon 855 процесор, 6GB RAM и систем од три камери. Истотака, има и селфи камера на лизгање.

Best Chinese Android smartphones in 2019

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.