x

Најдобрите Android и iPhone игри за 2016-та!

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 16 Декември, 2016 од GSM.mk

Ви ја претставуваме листата на најдобри игри за Android и iPhone во 2016-тата година!

1. Bully: Anniversary Edition

Станува збор за акциона игра која наликува на GTA. Играте како Џими Хопкинс, петнаесет годишно немирно момче. Треба да се борите против социјалната хиерархија на корумпираното училиште, Bullworth. Целта е да се тепате со соученици, карате со професори, да ја добиете девојката од вашите соништа и да ја преживеете годината.

2. Galaxy on Fire 3: Manticore

Прифатете договор, одберете вселенски брод и патувајте кон вселената. Покажете ги вашите пилотски вештини и борете се со непријатели во неверојатно добро претставени влесенски средини. Оваа игра има една од најимпресивните графики за 2016-та.

3. Dawn of Titans

Иако е за масивни битки, Dawn of Titans е одличен потсетник за тоа колку добри графики можеме да добиеме од телефонски игри. Во битки со илјадници војници, треба да ги освоите териториите на вашите непријатели и да ја зголемите вашата армија што е можно повеќе.

4. Rocky

Роки Балбоа, Аполо Крид, Иван Драго... тоа се некои од легендарните имиња кои можете да ги предизвикате на борба во мултиплеер боксинг сесија. Отклучете нови боксери како што ја градите вашата финтес сала и добивајте награди. Има 37 играчи и 4 нивоа.

5. Kathy Rain

Kathy Rain раскажува интересна приказна за храбра девојка, со детективска страна, која се враќа во својот роден град откако ја немало 15 години. Kathy започнува истрага за локална мистерија и наследството на нејзиниот, неодамна починат, дедо. Играта е сместена во 90-тите.

6. Pianista

Pianista е музичка игра со некои од најпознатите музички дела низ историјата од 14 композитори. За оваа игра се потребни само вашите палци.

7. Waiit

Waiit е интересна игра за две коцки кои патуваат низ лавиринт. Вашата должност е да ги движите меѓу пречките. Добивате парички со поминувањето на нивоата и отклучувате нови карактери. 






Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.