x

Најдобрите апликации за вашиот нов iPhone уред!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 27 Декември, 2018 од GSM.mk

Доколку сте еден од оние што ја искористија таа шанса и си купија нов iPhone, имаме неколку предлози за апликации кои сметаме дека ќе ви бидат корисни за да имате што подобро корисничко искуство.

Што и да работите на вашиот телефон, ќе ви бидат потребни многу повеќе апликации од оние основните кои доаѓаат со новиот iPhone. Некои од нив ќе ви бидат забавни и ќе сакате да трошите повеќе време на нив, додека за оние останатите ќе сфатите дека се неопходни за да имате телефон кој е целосно опремен според вашите потреби.

Google Maps

Дали ви се допаѓа кога ќе се изгубите во непознат крај од градот? Доколку одговорот е „не“, тогаш не губете време и симнете ја апликацијата Google Maps. Постои само еден крал на мапите во светот на апликациите за смартфон, а тоа не е фабричката апликација која доаѓа со секој нов iPhone.

Dark Sky

Можеби имате забележано дека многу често ја препорачуваме апликацијата Dark Sky, но тоа е затоа што таа е единствената апликација која ги има оние детални временски прогнози кои ви се и повеќе од потребни, посебно за време на зимскиот период. Единствената негативна страна е тоа што за да ја инсталирате на вашиот iPhone, ќе мора да платите 3,99 долари.

Pocket

Оваа апликација е еден од нашите фаворити за 2018 година. Интернетот нуди многу интересни работи кои не можете да ги прочитате или погледнете во еден ден. Поради тоа постои Pocket – апликација која ви овозможува да ги зачувате сите оние страници, видеа и статии кои ви оставиле впечаток, за потоа полесно да ги најдете. Најдоброто од сѐ? Pocket е целосно бесплатна.

Microsoft Outlook

Матичната апликација за е-пошта (досадно именуваната Mail) сигурно нема да ви биде од голема корист, посебно ако сте Gmail корисник. Наместо неа, инсталирајте ја Outlook, која има чист, брз и ефикасен интерфејс со одлична корисничка поддршка која апликацијата на Apple не може да ви ја понуди.

Google Photos

Не можеме да ви забраниме да плаќате за скапиот и комплексен iCloud систем, но доколку сакате брз, едноставен и бесплатен начин на зачувување на вашите фотографии – тогаш Google Photos е апликацијата за вас. Таа е бесплатна за симнување и единствено ќе треба да платите доколку сакате да зачувувате слики во многу висока резолуција.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.